Пон–Пет 08:00–16:30 · Саб 09:00–15:00 call 070 380 071

Екструдиран (PMAA) плексиглас

Достапно
Есктрудираниот ПМАА плексиглас е најбараниот и најпознатиот плексиглас на пазарот.

Во нашата понуда имаме голема избор на бои и дебелини:

Побарај понуда / Нарачај

Опис на производот

Поли метил метакрилат (ПМАА) е транспарентна термопластика. Екструдираниот плексиглас е алтернатива на поликарбонатот кога не е потребна екстремна цврстина и висока термичка отпорност. Наоѓа честа употреба поради своите карактеристики, лесното ракување, обработка и природната отпорност на УВ зраци. Овој плексиглас пренесува до 92% од видливата светлина и дава рефлексија од околу 4% од секоја површина. Вредноста на замаглување е помала од 1% со што се добива одлична јасност. Плексигласот има половина од густината на стаклото, а сепак е 17 пати поцврст и има предност во полирањето. Есктрудираниот ПМАА плексиглас е најбараниот и најпознатиот плексиглас на пазарот.
ФЛЕКСИБИЛЕН - Едноставно се обликува и моделира. ИЗДРЖЛИВ  -Отпорен на удари при долги временски периоди. ВРЕМЕНСКИ - Издржлив на надворешни влијаниа подолго од многу други пластики. ПРЕНОС НА СВЕТЛИНА - Највисока стапка на пренос на светлината кај термопластиките.
НОВО - Нудиме и огледален плексиглас, во сребрена и златна варијанта. Овие табли се полесни, побезбедни од стаклото и се поедноставни за обработка, сечење и монтирање. Токму поради тоа тие се идеални за употреба кај автомобилската индустрија, мебел, детски играчки, избработка на знаци и дисплеи.
Примена: Рекламирање и Визуелни комуникации
  • Дисплеи POS/POP
  • Музејски куќишта
  • Изложби и саеми
  • Признанија и награди
  • Знаци
Архитектура и Градежништво
  • Аквариуми и структурни панели
  • Настрешници, профили на врати и прозорци
  • Осветлување
  • Прозорци за базени, нуркачки базени, јавни аквариуми
  • Транспарентни бариери
  • Цврсти површини
  • Звучни бариери
Автомобилство и Транспорт
  • Внатрешни и надворешни облоги
  • Каравански прозорци
  • Акрилни прозорци за бродови
  • Складирање
  • Ветробрански стакла
Ентериери и Домаќинства
  • Делови од уреди и предници на контролни панели
  • Мебел
  • Кујнски мијалници
  • Осветлување
  • Работни површини

Побарај понуда за овој производ

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

Поврзани производи